недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НАЈДРАМАТИЧНАТА ПОРАКА ОД СЗО ДОСЕГА: Дали се подготвува катастрофа за целиот свет?!

НАЈДРАМАТИЧНАТА ПОРАКА ОД СЗО ДОСЕГА: Дали се подготвува катастрофа за целиот свет?!

Шефот на СЗО посочи дека земјите кои се сериозни во отворањето на економијата и општеството, мора да имаат сериозен став кон спречување на ширењето на коронавирусот.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека укинувањето на вонредните, превентивни, анти-епидемиски мерки е прерано – „рецепт за катастрофа“.

Шефот на СЗО посочи дека земјите кои сериозно го сфаќаат отворањето на економијата и општеството мора да имаат сериозен став кон спречување на ширење на вирусот корона и оцени дека тоа не е „невозможна рамнотежа“, објави АП.

Тој повтори дека најважните превентивни мерки за секоја земја и поединец се: спречување на ризични настани, заштита на ранливи социјални групи, лична одговорност и самозаштита, наоѓање, изолирање, тестирање и лекување на сите пациенти со проверка на контактите што претходно ги остварил.