петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Де Јонг со една реченица ја опиша ситуацијата во Барса: Таму владее хаос!

Де Јонг со една реченица ја опиша ситуацијата во Барса: Таму владее хаос!

Еден од најдобрите холандски фудбалери Френки де Јонг со својата селекција се подготвува за стартот на втората сезона во Лигата на нации.

„Лалињата“ во првиот репрезентативен прозорец ги чека дуели со Полска и Италија, а тамошните медиуми не ја испуштија можноста и му поставија прашање на младата ѕвезда на Барселона, за ситуацијата во каталонскиот гигант.

Де Јонг не сакаше многу да зборува на оваа тема и со само една реченица ја опиша ситуацијата во својот клуб.

„Во Барса се случуваат многу чудни работи, таму владее голем хаос. Не сум зборувал со Меси на таа тема и затоа не можам да ви кажам што точно се случува“, рече 23-годишниот играч за врска.

Темата Меси и Барселона е водечка веќе неколку дена, а последната информација која доаѓа од Каталонија е дека капитенот се предомислил и уште една сезона ќе игра на „Камп Ноу“.