Велика Британија спроведе „голема кампања на кибер напади“ врз џихадистичката група Исламска држава (ИД), соопшти директорот на британската Владина централа за комуникации, Џереми Флеминг.
– Резултатот од операцијата е со широк обем и тој ги намали можностите на групата да ги координира своите напади и да шири пропаганда, изјави синоќа Флеминг во обраќање на конференција за кибер безбедност во Манчестер.
Флеминг, кој е поранешен агент на Ми-5, нагласи дека акцијата е премногу сложена, за да биде јавно презентира, но таа, според него, покажала колку може да биде ефикасен една целен кибер напад.
Тој во обраќањето ја критикуваше и Русија, која ја обвини за „недозволиво кибер однесување“, оквалификувајќи ја како „растечка закана“ за Велика Британија и нејзините сојузници.
– Русите не играат според правилата бидејќи ја бришат границата меѓу криминалните и државните акции, потенцира Флеминг.
МИА