недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Масовното вакцинирање ќе почне од средината на идната година

Масовното вакцинирање ќе почне од средината на идната година

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис денеска изјави дека до средината на следната година не очекува масовна вакцинација против Ковид-19, потенцирајќи ја, пред се, важноста на строгите проверки на нивната ефикасност и безбедност.

-До средината на следната година не очекуваме широко распространета вакцинација, изјави Харис на редовниот брифинг во Жeнева, јавија британските медиуми.

„Оваа трета фаза треба да трае подолго, затоа што мора да видиме колку вакцината навистина штити, а, исто така, мора да видиме колку е безбедна“, додаде таа, зборувајќи за клиничкото испитување на вакцината. (МИА)