сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Продолжуваат протестите против поскапувањето на струјата

Продолжуваат протестите против поскапувањето на струјата

Во Гостивар, по петти пат по ред, имаше мирен протест против поскапувањето на струјата. Демонстрантите во Гостивар, како и во другите градови, бараат институциите да ја повлечат одлуката за поскапување на струјата. Додека не го постигнат ова, тие велат дека протестите нема да престанат.

Протести против поскапувањето на електричната енергија, со истите барања, денеска се одржаа во повеќе градови во земјата.

-Она што сите треба да го разбереме е дека оваа битка не е против никого. Оваа битка е за правда. Овие протести се заради самоодбрана, за правото на граѓаните на оој град, на овој регион и на оваа државата, да се заштитат од економската агресија што ни се прави. Почитувани граѓани, не смееме да заборавиме дека ова ќе се одрази секој месец на вашите сметки и постојано ќе го погодува вашиот џеб секој месец, вашата семејна економија, и така веќе влошена, рече Селајдин Абдули, член на организациониот совет на протестот.

Најнови вести