недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мечка повредила овчар на Шара, го спасиле кучињата

Мечка повредила овчар на Шара, го спасиле кучињата

Жител на шарпланинското село Лисец во тетовската полиција пријавил дека бил нападнат од мечка вчера во утринските часови, а се спасил од смрт благодарение на реакцијата на неколкуте кучиња што му го уваат стадото овци

Г.Ј (52 ) од Лисец, според полицијата, околу 10 часот во месноста Рах, каде што го напасувал своето стадо овци бил нападнат и повреден од мечка. Кога забележал дека има мечка што се упатила кон него, почнал да бега. Мечката го стигнал и го соборила. Натрчале кучињата, почнале да лаат, па мечката избегала. Во болница му констатирале полесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

Пред дваесетина жители на Тетово успеаја да фотографираат мечка (на фотосот) во планинскиот предел во правец кон месноста Бањиче, покрај патот Бродец-Шипковица.