недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поскапата струја донесе повисоки трошоци за живот, сиромаштијата во Македонија расте

Поскапата струја донесе повисоки трошоци за живот, сиромаштијата во Македонија расте

Ефектот на покачена цена на електрична енергија почна да го зема својот данок. Уште во првиот месец имаме зголемени цени на мало, како и поголеми трошоци за живот.

Државниот завод за статистика потврди дека како резултатат на покачената цена на електричната енергија, трошоците за живот на граѓаните во август пораснале за 0,5%, а цените на производите на мало се покачени за 0,8%. Според ДЗС од август граѓаните плаќаат поскапи основни производи за живот како зеленчук, ориз, млечни производи, но и лекови и прoизводи за лична хигиена.

Статистички гледано, пораст имааат цените на сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,7%, млекото за 0,5%, оризот за 0,4%, пивото за 0,3%, сирењето и урдата за 0,2%, а пораст има и кај фармацевтските производи од 1,3%, апарати за лична хигиена за 0,4%.

Покачената цена на струја не ги поштеди ниту одржувањето и поправката на сопствените превозни средства кои поскапеа за 1,1% отсто, додека малите електрични апарати за домаќинствата, стоматолошките услуги, фризерските салони и ентрите за разубавување се поскапи за 0,2%.

Дополнителен товар за граѓаните е што 7,4% на покачена струја значат во просек 180 денари месечно или 2.200 денари годишно плус трошок за секое семејство. Ако сето тоа се додаде дека веќе 40.000 граѓани ги загубија работните места, а приходите во буџетот се помали за 14% споредено со лани, додека има пад кај странските директни инвестиции, индустријата, градежништвото, трговијата, извозот, може да се заклучи дека следуваат црни денови за државата и граѓаните.

Бројките укажуваат дека покрај тоа што покачената цена на електричната енергија директно зема повеќе пари од џебот на граѓаните, туку и граѓаните ќе плаќаат поскапа храна, апарати и услуги. Во услови кога се проценува дека кризата ќе трае уште 8 месеци, граѓаните можат да очекуваат нови поскапувања, бидејќи ова е само почеток.

Новата цена на струјата веќе го започна домино ефектот кој само го поскапува животот на граѓаните.

Најнови вести