четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Покачената цена на струјата не ги опфаќа само ВМРО-ДПМНЕ, ги опфаќа сите граѓани, власта удира по нашите џебови за нивни потреби

Нелоски: Покачената цена на струјата не ги опфаќа само ВМРО-ДПМНЕ, ги опфаќа сите граѓани, власта удира по нашите џебови за нивни потреби

Денес Владимир Нелоски, висок функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаше гостување во дневникот на телевизија 24. При своето гостување посочи дека по донесувањето на одлуката на Регулаторната Комисија за покачување на електричната енергија, време е граѓаните да излезат на протест, а заедно со нив и опозицијата.

-Овој протест кој што го најавивме, кој што нема да застане тука, ќе продолжи да се шири низ цела Македонија, и тоа поради фактот што граѓаните се револтирани, и поради фактот што не може непродуктивните трошења кои што ги имаме од страна на владините функционери за партиски вработувања, за возила да одат на грбот на граѓаните,нагласи Нелоски.

Нелоски додаде дека во септември за жал граѓаните за прв пат ќе почувствуваат како да се плаќа 7.5%, и затоа токму денес од министерството за правда ќе започне протестот и ќе заврши кај Регулаторната.

-Да ги повикаме сите граѓани струјата и цената на струјата не ги опфаќа само ВМРО-ДПМНЕ, ги опфаќа сите граѓани. И оние кои што се посиромашни, но и оние кои што се побогати. Ги опфаќа и Албанците, Македонците, Турците, Ромите, младите и старите, истакна Нелоски.

Нелоски порача дека ова за жал е мерка од владата која директно удира врз грбот на граѓаните. За разлика од другите европски земји во време на економската криза по и за време на Ковид пандемијата владите им помагаа на граѓаните. А, оваа ненародна влада само им наштети на граѓаните и удри по нивните џебови.

-Ние сме прва европска држава каде што владата преку грбот на граѓаните сака да ги сервисира своите според мене непродуктивни трошења и потреби, рече Нелоски.

Најнови вести