Започна првиот од серијата граѓански протести на ВМРО-ДПМНЕ , кои ги најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Протестот е против зголемувањето на цената на струјата.
Партијата ги повика граѓаните на протестот, за како што велат, време е за обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот.
Протестот започна пред Министерството за правда, а ќе заврши кај Регулаторната комисија за енергетика.