понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Скандали, неработа, неодговорност и негрижа ги одбележаа последните 10 месеци во МТСП откако со него управува СДСМ и Царовска

ВМРО-ДПМНЕ: Скандали, неработа, неодговорност и негрижа ги одбележаа последните 10 месеци во МТСП откако со него управува СДСМ и Царовска

Скандали, неработа, неодговорност и негрижа ги одбележаа последните 10 месеци во МТСП, откако со него управува СДСМ и Мила Царовска. Од опозиција дадоа големи ветувања, од позиција на власт, ниту едно не остварија. Мила Царовска на денешната прес конференција не кажа ниту збор до каде е социјалната помош од 12.000 денари, која ја најавуваше СДСМ дека ќе ја реализира уште во првите 6 месеци по преземањето на власта. Поминаа 10 месеци, а социјалната помош не се покачи ниту денар. СДСМ ги излажа граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мила Царовска се фали со нови вработувања во детските градинки низ државата, а не спомна ниту збор за десетиците негувателки и вработени кои останаа без своите работни места по преземањето на власта од страна на СДСМ. 10 месеци СДСМ, 10 месеци катастрофални политики. Неодговорноста стана заштитен знак на оваа влада. Поминаа скоро два месеци откако јавноста беше потресена од случаите на силување на малолетни девојчиња во домот за деца „25 Мај“, а никој не понесе политичка одговорност. Мила Царовска се сокри зад наводна истрага која заврши со пониски структури во министерството и без грам срам продолжи да го води МТСП, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„10 месеци откако Царовска е на чело на МТСП, а не е реализиран ниту еден проект од корист за граѓаните. Само скандали, неработа, неодговорност и негрижа. СДСМ не знае да работи. Со СДСМ Република Македонија стагнира. Државата заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро. Оваа власт мора да си замине“.

Најнови вести