Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски денеска слави роденден. Имено слатката Илина полни две години, а нејзината горда мајка по тој повод објави емотивна посвета на социјалните мрежи.
– Пред две години ми се случи нешто неверојатно. Од тогаш па наваму, секој ден е се’ по неверојатен. Благодарам Универзуме за најпрекрасното нешто во битисувањето! Да си жива, здрава и секогаш весела торто моја најслатка!
#ќесипукнамодљубов#парчеодмене#Илинаима2 -напиша пејачката.
На почетокот на август брачната двојка прослави три години од брак, а мама Сара Мејс ја доведе својата линија до совршенство.