вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Во среда прскање против комарци во Скопје

Во среда прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје известува дека петтата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши во среда, 16 септември, во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, односно кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.