сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради превртено комбе застој на патот Делчево – Македонска Каменица

Поради превртено комбе застој на патот Делчево – Македонска Каменица

Застој во сообраќајот на регионалниот патен правец Делчево – Македонска Каменица. Возачи информираат дека превртено комбе е причината за долгата колона возила која чека да го продолжи патувањето.

– Според тоа што го видовме додека чекавме, комбето се превртело поради тоа што му се слошило на возачот. Интервенираше екипа на Итната помош, тука се и полициските екипи кои кажаа дека патот за кратко ќе биде пуштен во употреба, информираат возачи.

Од Итната медицинска помош ја потврдија интервенцијата и додадоа дека возачот е во добра состојба. За евентуални други причини за несреќата од полицијата детали најавија во текот на денешниот ден.

Најнови вести