вторник, 9. април 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Девицата емотивно неисполнета, Лавот емотивно затворен

Девицата емотивно неисполнета, Лавот емотивно затворен

ОВЕН

Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на работните обврски. Љубовта ви е мислите, но никому не сакате да покажете во која мера сте емотивно заинтересирани. Проблеми со алергиите.

БИК

Не успевате да најдете заеднички јазик со работните соработници. Имате големи очекувања кога е љубовта во прашње, и на другата половина упатувате нежни зборови и романтични пораки. Одлично здравје.

БЛИЗНАЦИ

Незадоволството на работа е на врвот и размислувате да си заминете. Во емотивна смисла сте импулсивни и наклонети на проблеми. Проблеми со дигестивниот систем.

РАК

Полни сте со оптимизам и самоуверено се соочувате со старите проблеми. Во емотивен пат сте и не гледате излез од ситуацијата. Мрзеливи сте.

ЛАВ

Чувствувате дека работните проблеми ви се претешки и тешко решливи дури и за вас. Емотивно сте затворени, а партнерот покажува да ве наведува на отворен разговор. Имате недостаток на сила.

ДЕВИЦА

Денешниот ден не е најповолен. Исклучително сте незадоволни и нервозни поради лошите финансии. Во емотивна смисла сте неисполнети, без волја и немате желба да се социјализирате. Ви годи самотијата. Солидно здравје.

ВАГА

Работата добро ви оди, и задоволни сте од работната ситуација. Во емотивна смисла не сте опуштени и имате потенцијал да се скарате со партнерот. Внимавајте што јадете.

ШКОРПИЈА

Во работна смисла сте тотално демотивирани и без самодоверба. Партнерот ви пружа доза на самодоверба и поддршка што ви овозможува да се чувствувате подобро. Можна мигрена.

СТРЕЛЕЦ

За колегите немате поволно мислење и тоа го покажувате на отворен начин. Љубовта е во можна стагнација и имате впечаток дека ве стигнуваат за наплата некои грешки од минатото. Во физичка смисла се чувствувате силно и добро.

ЈАРЕЦ

Ја користите изреката дека убавиот збор и железни врати отвора и на тој начин ги постигнувате своите цели. Денеска изненадувачки добвите прилика да остварите љубовна авантура. Се чувствувате младо и убаво.

ВОДОЛИЈА

Многу сте вредни, организирани и со многу успех ги одработувате работните обврски. Летате на крилата на љубовта и интензивно комуницирате со партнерот. Проблеми со несоница.

РИБИ

Работата ве инспирира и сите обврски ги одработувате квалитетно и одговорно. Чувствувате емотивна сигурност, што ви годи и дава чувство на моќ. На полето здравје можен е хормонален дисбаланс.