Попладнево бил нападнат дежурниот лекар на Токсикологија кој завршил со неколку хематоми и расекотини по телото, објавува Сител.
Причина за нападот според информациите што ги добивме биле банални – На родителот му било кажано дека детето што го носел на преглед било под 14 години и го упатиле на Педијатрија.
По таквиот одговор дошло до напад на лекарот, кој морал да побара помош во Ургентен.
Оттаму не информираа дека на лекарот му направиле КТ на глава и констатирале површен хематом кај окото, еден кај подлактицата и расекотини.
По прегледот колегата го пуштиле дома.