На последниот попис пред речиси 20 години, Тетово имало 52.000 жители. Сега, со само еден ДУП, се прави место за уште 8 илјади луѓе или 1/6 плус на попишаните.
Екологистите алармираат дека дотраената градска инфраструктура не може да издржи ваков удар, ИВЗ повикува да не се гради на место каде некогаш имало гробишта, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека зад целиот проект се крие криминал во интерес на власта и на сомнителен бизнисмен.
360 степени направи истражување: Што стои позади новиот ДУП за ШИК Јелак во Тетово?
Нивниот прилог, ви го пренесуваме во продолжение: