петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Груевска Маџовска: Комисијата која преговара со бугарската страна нема никакви барања во полза на Република Македонија, напротив само распродава се што е македонско

Груевска Маџовска: Комисијата која преговара со бугарската страна нема никакви барања во полза на Република Македонија, напротив само распродава се што е македонско

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше професорката Симона Груевска Маџовска од Институтот по Македонски јазик, која зборуваше за јазикот, препреките кои Република Македонија ги има во однос на македонскиот јазик, штетните договори со кои јазикот се поништува, како и за заканите и притисоците од властите.

Според професорката Груевска Маџовска, македонската историчарска комисија која преговара со бугарската страна, односно официјалниот тим кој преговара и одлучува во името на граѓаните, не ја работи добро својата работа, поради тоа што впрочем тие и ништо не предлагаат, туку само усвојуваат барања на Бугарија.

“Залудно партиципираме во тие преговори, кога нашата комисија ниту се интересира за македонскиот јазик, ниту пак се бори за истиот. Досега сведочиме само на распродавање на јазикот, распродавање на историјата и тоа е навистина поразително”, вели Маџовска.

Република Македонија се соочува со големи проблеми со соседите, кои не само што не и посакуваат евроинтеграции на Република Македонија, туку и свесно ја уназадуваат и ја угнетуваат. Угнетувањето не е ниту европска вредност, ниту пак добрососедски чин. Република Македонија мора да застане на цврсти нозе и да постави црвени линии кои ќе го сочуваат идентитетот и истиот нема да биде предмет на никакви преговори, заврши Маџовска.