понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Редфилд: Ќе ги вакцинираме Американците до јули 2021 година

Редфилд: Ќе ги вакцинираме Американците до јули 2021 година

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, изјави дека повеќето Американци можат да бидат вакцинирани против коронавирус најдоцна до јули 2021 година.

Обраќајќи се пред Комитетот за здравство, образование, труд и пензии на Сенатот на САД, Редфилд рече дека очекува вакцинациите против Ковид-19 да се изведуваат со месеци, пренесуваат британските медиуми.

Тој додаде дека очекува на крајот од март или април да бидат достапни околу 700 милиони дози од вакцината, што според него е доволно за да се вакцинираат 350 милиони луѓе.

-Мислам дека ќе ни треба време до април, мај, јуни и евентуално јули за целосно да ги вакцинираме сите американски граѓани, рече Редфилд.

Се уште нема вакцина против коронавирусот, но неколку можни се во завршна фаза на тестирање. (МИА)