Во „Будо Карате Центарот Недеви“ во Скопје викендот се одржа 50. Државен шампионат на Македонија во традиционално карате (кати) за сениори, младинци, јуниори, кадети и деца.
Најдобри во сениорска/младинска конкуренција беа Огнен Тасевски и Мила Саздова, двајцата од Работнички.
Кај јуниорите, првите места ги освоија Александар Гроздановски од ЈСП и Јана Милевска од Работнички.
Димитар Витанов од АБЦ-Струмица и Александра Стојановска од ШИ станаа шампиони во кадетска конкуренција.
На шампионатот на кој земаа учество 23 клубови со 168 натпреварувачи награди им беа доделени и на каратистите од најмладите категории.