Вчера одекна веста дека американскиот претседател Доналд Трам и првата дама на Америка, Маланија Трамп, се позитивни на коронавирусот , а бројни желби за брзо опоравување пристигнаа од целиот свет.
Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, му испрати порака за поддршка на нејзиниот татко, откако тој беше сместен во болницата, како превентивна мерка поради болеста.
Иванка на Твитер напиша: „Ти си воин и ќе го победиш ова. Те сакам тато“.
Трамп беше префрлен во Националниот воено-медицински центар „Валтер Рид“.
You are a warrior and will beat this.
I love you dad. ❤️ https://t.co/Y7feCvr2lW
— Ivanka Trump (@IvankaTrump) October 2, 2020