петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Лавот амбициозен, Овенот незадоволен од партнерот

Лавот амбициозен, Овенот незадоволен од партнерот

ОВЕН

Ја прекинувате соработката со соработникот. Од неговата работа не сте задоволни веќе некое време. Не сте воодушевени од однесувањето на партнерот, но не сакате да се расправате многу. Раздразливи сте.

БИК

Задоволни сте од стабилната финансиска ситуација. Прилив на пари ве мотивира да бидете уште повредни. Одличен ден за ново познанство. Конечно, запознавате личност која ќе ве заинтересира и која сакате подобро да ја запознаете. Се чувствувате добро.

БЛИЗНАЦИ

Конечно го завршувате проектот кој ви одземал не само време, туку и нерви. Уживате во друштво на личноста која неодамна влегла во вашиот живот. Задоволни сте како напредува односот. Стабилно здравје.

РАК

Работната недела ја почнувате многу самоуверено и решни конечно да ги надминете проблемите. Имате позитивен одност кон врската и верувате дека со тек на време може да биде добра. Задоволувачко здравје.

ЛАВ

Амбициозни сте во потрага по работа на која ќе може да се афимирате и тоа јавно, но во исто време сакате и добро да заработите. Имате потреба за партенр, но не успевате да најдете соодветна личност. Се чувствувате добро.

ДЕВИЦА

Работната недела почнува драматично. Влегувате со караница со колега поради различни погледи на работните идеи. Емотивно сте задоволни и гледате што повеќе време да минете со партнерот. Нервите ви се чувствителни.

ВАГА

Комуникативни сте, кооперативни и расположени за воспоставување работна соработка. Изненадувачка средба со некогаш блиска личност ве потсетува на некои стари времиња. Водете сметка околу исхраната.

ШКОРПИЈА

Пред вас конечно се резултатите и многу сте горди на нив. Запознавате нова личност и интуицијата ви говори дека тоа е вистинската личност за вас. Здравјето не е најдобро. Чувствувате недостаток на енергија.

СТРЕЛЕЦ

Полни сте со позитивна енергија и работната недела ја почнувате со желба да ги завршите работните планови во краток временски рок. Ако сте во брак, задоволни сте од односот со партнерот. Чувајте се од повреди.

ЈАРЕЦ

Несигурни сте. Финансиите ви даваат чувство на стабилност, но проблем е што ги нема во доволна мера. Не сте задоволни од односот со партнерот и доаѓа до караница со која ништо нема да решите. Стабилно здравје.

ВОДОЛИЈА

Работната недела почнува неславно. Во афект ја прекинувате соработката со долгогодишниот соработник. Не сте задоволни од односот со емотивниот партнер и му префрлате многу. Раздразливи сте.

РИБИ

Приватните работници на самиот почеток од работната недела ги очекува проблеми и нервози. Вашето нерасположение ќе го почувствува и партнерот затоа што ќе бидете наклонети кон караници. Нервите ви се премногу чувствителни.