петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ристовски единствен македонски боксер на „Војвоѓанска златна ракавица“

Ристовски единствен македонски боксер на „Војвоѓанска златна ракавица“

Македонската јуниорска репрезентација со еден боксер ќе настапи на 38. издание на „Војвоѓанска златна ракавица“ во Суботица.

Репрезентативецот на Македонија, Александар Ристовски член на БК Шкендија Но Лимит ќе ја претставува нашата репрезентација во младинска конкуренција.

На турнирот ќе настапат боксери од домаќинот Србија, Бугарија, Романија… Ова е исклучително силен турнир од А категорија на кој ќе има боксери кои се шампиони на Европа.

Со Ристовски отпатува и тренерот Васко Цубалевски, а во македонската делегација е и судијата Стефан Цубалевски.

Натпреварите започнуваат од утре кога ќе биде извршена ждрепката и ќе траат до недела. (МИА)