петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: 309 санкционирани возачи во Скопје, 86 ја пречекориле брзината

МВР: 309 санкционирани возачи во Скопје, 86 ја пречекориле брзината

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 309 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 8 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 86 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 7, од кои 2 возила коишто вршат јавен превоз на патници – автобуси, 68 мерки за непрописно паркирање, 71 возило подигнати со пајак, а изречени се 120 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР.

Најнови вести