петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Извештајот на ЕК е рентген слика на Македонија, власта недоволно посветена на секојдневните проблеми на граѓаните

Андоновски:  Извештајот на ЕК е рентген слика на Македонија, власта недоволно посветена на секојдневните проблеми на граѓаните

Утринава Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во утринската емисија на Алфа телевизија каде што посочи дека Извештајот на ЕК треба да се гледа во перспектива. Извештајот на ЕК претставува една рентген слика на тоа каква е состојбата во општеството, во Македонија денес. И во повеќе од стотина страни се анализираат аспекти на македонското општество, на македонската политика, македонските институции.

-Наша анализа која што ја направивме во овие два дена покажува дека се уште не сме си ја завршиле домашната задача. Политички со договорите кои што се потпишаа власта успеа да стане некој вид на милениче на некои од странските дипломати, но во трите години од власт таа заборави на клучните структурни проблеми во државата, истакна Андоновски.

Андоновски додаде дека структурни и клучни проблеми се оние проблеми со кои што граѓаните во Македонија се соочуваат секој ден.

-Проблемот првенствено е во корупцијата, која што во овој Извештај го зазема највисокото место на критика. Вториот сериозен проблем е реформата во јавната администрација, која што исто така е проблем затоа што не е сервис на граѓаните. Не нуди услуги. Тука се и ред други домашни задачи која што власта очигледно не им посветила воопшто доволно внимание. И како еден најголем проблем за кој што треба многу да внимаваме во наредниот период особено заради КОВИД кризата е проблемот со економијата на кои особен акцент се става во самиот Извештај, нагласи Андоновски.

Најнови вести