Стотици граѓани секојдневно се жалат на небезбедноста при реконструкцијата на улицата „Васил Ѓоргов“ која помпезно ја најавуваше градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
Во овие моменти на улицата се случува хаос поради паднато дрво врз автомобил на граѓанин, а притоа можело да настрада и случаен минувач.
За време на реконструкцијата која активно се одвива на оваа улица инаку нема никаква сообраќајна и безбедносна сигнализација при изведбата.