петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почина македонски јавен обвинител

Почина македонски јавен обвинител

Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство Струга, Никола Неделкоски почина вчера во Струга на 65 годишна возраст, информираат од Обвинителството.

Никола Неделкоски беше роден на 14.12.1954 година во с.Љабуништа, Струга. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година. На 26.03.1997 година е избран за заменик на основниот јавен обвинител во Струга. Во текот на своето работење како јавен обвинител, тој даде значаен придонес кон унапредувањето на обвинителската фела.

Со неговата смрт обвинителството загуби професионалец и голем пријател.

Најнови вести