петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку девет жртви во немири во затвор на Филипините

Најмалку девет жртви во немири во затвор на Филипините

Најмалку деветмина затвореници се убиени во денешните немири што утрово избувнаа меѓу ривалски банди во затвор на Филипините.

Судирот избувнал во комплексот со максимална безбедност во затворот Њу Билибид, додека повеќето затвореници сè уште спиеле, изјави Габриел Чаклаг, портпарол на Бирото за казни.

Во судирите загинале седум членови на таканаречената банда Спутник и двајца членови на таканаречената банда Командоси, информира Чаклаг.

Сè уште не е потврдено кој го почнал насилството, ниту што го предизвикало.