петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пенков: Новото енормно задолжување на владата од 90 милиона евра е нов удар по џебот на граѓаните

Пенков: Новото енормно задолжување на владата од 90 милиона евра е нов удар по џебот на граѓаните

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Златко Пенков, задолжувањето на владата од 90 милиони евра е нов удар по џебот на граѓаните. Постои чиста опасност од банкротирање и се проби психолошката бариера – нема лимит, рече тој од собраниската говорница.

-Предлог-закон за задолжување на Македонија со заем кај Меѓународната светска банка за справување со ковид кризата по скратена постапка. Вкупната вредност е 90 милиони евра. Најважно прашање што ми паѓа сега на памет е има ли крај? Има ли крај годсодине министре откако е пробиена психолошката криза на 59.5 од бруто домашниот производ. Доколку немаме систем за тревога во Министерството за финансии, мислам дека е крајно време да набавиме и тоа секое утро да свети, постојано затоа што веќе таванот е пробиен и најверојатно само небото е граница. Вие ќе потпишете меѓутоа наместо за јавното здравство, сега се јавува министерството за труд и социјална политика со некое одделение кое што веќе функционира. А бенефитот, замислете ќе бил за целото население. Не, почитувани туку целото население ќе го враќа кредитот, а бенефит ќе има само еден мал дел од македонската популација, посочи Пенков.

Според него, се работи за наменски кредит и затоа пратениците треба да добијат детално образложение. И замислете, рече Пенков опремата ќе ја набави одделение од министерството за труд и социјала. Па, каде го има ова, праша тој.

-Во кредитот се споменува надградба на “Мој термин” една од најкритикуваните работи во минатото од страна на СДСМ. Исто така, се спомнува и набавка на лекови. Кои лекови? По која цена? Ова е енормно задолжување од 90 милиони евра. Плус не постои детално образложение за наменско трошење на средствата. Дали ова е шанса за нов институционален поткуп? Ова е нов удар по џебот на граѓаните. Постои чиста опасност од банкротирање и се проби психолошката бариера – нема лимит, заврши Пенков.

Најнови вести