петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Ако власта има пари да финансира обуки за магариња, може да ја врати цената на струјата

Нелоски: Ако власта има пари да финансира обуки за магариња, може да ја врати цената на струјата

Најпрвин сакам да ја искористам оваа прилика да им се извинам на сите граѓани на градот Скопје кои што во овие час и половина дополнително на сета нервоза и нетрпеливост која што ја имаат во последните неколку недели поради непланското копање на улиците, овие час и половина повторно им беа оневозможени нормално да функционираат. Но беа оневозможени да функционираат и да се движат низ градот Скопје поради фактот што оваа мафијашка власт и Регулаторната Комисија повторно е глува за барањата на граѓаните, изјави на денешниот протест,  претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

-Ние како ВМРО-ДПМНЕ и денеска излеговме на овој протестен собир, марш каде што ги кажавме нашите две барања, а тоа се: Најпрво да се врати поранешната цена на струјата и дополнително Регулаторната Комисија и претседателот Марко Бислимоски да најдат конечно храброст и да се повлечат од комисијата за да дојдат луѓе кои што ќе бидат експерти во таа област и ќе ја вршат работата не под насока на власта и Зоран Заев, туку онака како што треба, истакна тој.

-Ако владата има можности и наоѓа начини да финансира обуки за магариња и фризерници, тогаш власта мора да има слух за граѓаните и да најде решение за потешкотиите со кои се соочуваат поради ова поскапување на струјата. За жал ние сме единствена земја која што во екот на економска криза од ковид пандемијата, граѓаните имаат уште еден товар, а тоа е да плаќаат поскапа струја. Нема тука да застанеме, ќе продолжиме да бидеме гласот на граѓаните и да ја потсетуваме Регулаторната Комисија дека граѓаните крпат крај со крај и дека им е потребно помош од нивна страна, а не уште еден товар кој што ќе треба тие финансиски да го сносат како граѓани, посочи Нелоски.

Најнови вести