петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лавров: ЕУ и Германија да се придржуваат кон меѓународните обврски во истрагата за Навални

Лавров: ЕУ и Германија да се придржуваат кон меѓународните обврски во истрагата за Навални

ЕУ и Германија мора да ги исполнат своите обврски и да постапуваат во согласност со меѓународното право за време на истрагата за случајот со Алексеј Навални, изјави денеска шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

-Постојат конвенции за правна помош во кривични случаи, Европската конвенција и придружните протоколи. Ние посочуваме на секој од нив и бараме од Германија да ги исполни своите обврски според овие меѓународни правни инструменти, рече рускиот Лавов, пренесе Тасс.

Германската Влада на 2 септември соопшти дека рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој се лекува во Германија, бил отруен со нервниот агенс „новичок“. Берлин тврди дека овој заклучок е потврден од лабораториите во Франција и Шведска.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повеќе пати потврдува дека Русија е подготвена да соработува со Германија, истакнувајќи дека во телото на Навални не се пронајдени токсични материи пред да замине од Русија за Берлин. сд/

-Постојат конвенции за правна помош во кривичните предмети, Европската конвенција и придружните протоколи. Ние посочуваме на секој од нив и бараме од Германија да ги исполни своите обврски според овие меѓународни правни инструменти, рече рускиот Лавов, пренесе Тасс.

Германската Влада на 2 септември соопшти дека рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој се лекува во Германија, бил отруен со нервниот агенс „новичок“. Берлин тврди дека овој заклучок е потврден од лабораториите во Франција и Шведска.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повеќе пати потврдува дека Русија е подготвена да соработува со Германија, истакнувајќи дека во телото на Навални не се пронајдени токсични материи пред да замине од Русија за Берлин. (МИА)