Гледате дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е на своите места како советници за да се одржи седница на Советот на Општина Штип. Меѓутоа иако на претходната седница укажавме на шверцерското однесување и донесување на одлуки за закажување на седници од страна на СДСМ, сепак сведоци сме и сега дека и денес и оваа седница во минута до дванаесет ја закажаа да биде онлајн, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна советникот Љубе Здравков.
Тој додава дека без консултација со опозицијата, со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Тие ја закажаа оваа седница само под една причина дека заради заштита на здравјето на луѓето поради корона вирусот.
-Короната на сите нивоа на власта овој момент е алиби на власта. На сите нивоа на власта. Значи и во Собранието сакаат да закажуваат онлајн седници, што не е уставно. А, овде минута до дванаесет сакаат на шверцерски начин, на еден нивен личен начин да ги донесат одлуките кои сакаат самите да ги донесат. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ протестира на овој начин да работи, нема да ги прифаќа ваквите одлуки и нема да учествува во донесување на едни одлуки кои се донесуваат на овој самоволен начин. Изгледа тие не можат да обезбедат мнозинство во Советот, како што не можат да обезбедат и мнозинство во Собранието на Република Македонија, па така на овој начин преку како што кажа колегата и од странство, и од дома од спалните соби, или од било каде да можат да се вклучат, да го добијат своето мнозинство и да ги донесат саканите одлуки. Ние против тоа протестираме, вели Здравков.
Советникот Горан Карашов вели дека не е дозволено вакво шверцерско однесување на власта.
-Опозицијата е тука, ВМРО-ДПМНЕ е тука, но СДСМ го нема, пет до дванаесет ја презакажуваат онлајн седницата. Додека во исто време бараат и веќе тргнаа на работа хронично болните, текстилните работници одат работа, тие сакаат нивните седници да ги држат од кревет, од спалната соба. Значи не може на тој начин да функционира Советот, мора да дојдат тука, да бидат присутни, како што е присутна и опозицијата, а не дома од кревет, од спалната да држат седници. Затоа нека разбере штипската јавност дека вакво однесување од една страна да бараме хронично болните и текстилните работници да одат на работа, а од друга страна од кревет, од спална соба да држат седници, ВМРО-ДПМНЕ тоа не го поддржува и до крај ќе се однесуваме на ваков начин. Ние ќе си седиме тука, а тие нека си седат дома во спалните соби, рече Карашов.
Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Штип Христина Серафимовска вели дека нивниот став е јасен, кога можат текстилните работници да бидат физички на своите места, кога можат учениците до трето одделение да бидат присутни, целата општинска администрација да е физички присутна не знам каде е проблемот 20 советници да се соберат во било која сала во општината.
-И да одржат седница во која што ќе има плодна дискусија бидејќи свесни сме дека онлајн седниците имаа негативен импакт врз квалитетот на дискусијата, врз транспарентноста во носењето на одлуки пред граѓаните. А, секако граѓаните се тие кои што треба од прва рака да бидат запознаени каква е состојбата во јавните претпријатија, со кои проблеми се соочува во овој период и какви одлуки носи Советот на општината, вели Серафимовска.