Уште неколку месеци ќе измине цела година како што сме во криза која се чини бескрај. Но, власта сеуште нема стратегија како безболно да се надмине оваа состојба. Министерот секојдневно објавува неверојатно високи бројки, но не превзема мерки за намалување на последиците од истиот, изјави денеска за медиумите Игор Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ.
-Штипјани се мета на овој невидлив напад и се безнадежни и во борбата против него. Ветувањето дека во Штип ќе се направи монтажна болница за зголемување на капацитетот за прием на болни од КОВИД-19 очигледно ќе остане само ветување напишано на социјалните мрежи, истакна тој.
-Нашиот град сеуште не може да излезе од магичниот круг на опасниот вирус кој неконтролирано се шири. Веќе не само текстилните фабрики се жаришта на вирусот. Со отварањето на градинките, училиштата, со враќањето на работа на хронично болните луѓе опасноста демнее на секој чекор. Затоа апелираме во најкраток можен рок да се направи монтажната болница. Апелираме да се ангажираат сите надлежни институции за Штип да го добие ветеното, затоа што граѓаните не се само гласачи на брзи избори, посочи Ефтимов.