Британската кралица Елизабета Втора, за прв пат од месец март се појави во јавноста. Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, кралицата била во карантин во дворецот Виндзор.
Причината за нејзиното појавување во јавноста е всушност посетата на лабораторијата во Порт Даун.
Вниманието на сите присутни го одвлече фактот дека Елизабета не носи маска.
Таа била во друштво на својот внук, принцот Вилијам. Но, сепак тие не стигнале заедно – таа дошла со хеликоптер, одвоено од внукот.