недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Една година од смртта на кралицата Елизабета Втора

Една година од смртта на кралицата Елизабета Втора

Велика Британија денеска со приватни почести без јавна церемонија ќе ја одбележи првата годишнина од смртта на кралицата Елизабета Втора, која владееше 70 години, а чиј престол го наследи нејзиниот син, Чарлс Трети.

Кралицата Елизабета Втора (96) почина на 8 септември 2022 година во нејзиниот замок Балморал во Шкотска, каде традиционално летуваше.

Потоа започна период на национална жалост во кој стотици илјади Британци чекаа со часови да и оддадат последна почит на кралицата и да се поклонат пред нејзиниот ковчег. Една година подоцна, ниту еден голем јавен настан не беше планиран за комеморација.

– Со голема наклонетост се сеќаваме на нејзиниот долг живот, нејзината посветена служба и сето она што таа значеше за многумина од нас. Исто така, длабоко сум благодарен за љубовта и поддршката што ни ја покажувате на мојата сопруга и мене оваа година, бидејќи правиме сè што можеме за да ви служиме на сите вас, истакна кралот Чарлс Трети во снимена порака.

Според неодамнешната анкета, Кралот Чарлс е помалку популарен од неговата мајка односно 59 отсто од Британците веруваат дека кралот добро си ја врши работата, додека 17 отсто го мислат спротивното.

Како симбол на поврзаност со речиси целосно изумрената генерација која се бореше во Втората светска војна, Елизабета Втора беше единствениот монарх кој најголем дел од Британците го паметат. Елизабета Втора го презеде тронот 1952-та година по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ 6-ти.

Беше крунисана на 2-ри јуни 1953-тата година на возраст од 27 години. Децениите кои следуваа донесоа огромни промени, со колапсот на Империјата во некогашните колонии и драматичните промени во британското општество и неговите ригидни норми во текот на 60-тите години.

Елизабета Втора како шеф на британската држава, во согласност со правилата на уставната монархија, во текот на своето владеење соработувала со дури 15 британски премиери, започнувајќи со Винстон Черчил и завршувајќи со Лиз Трас, на која и го додели мандатот пред само неколку дена.

Со британските премиери во текот на своето владеење таа не престанала да одржува средби еднаш неделно. Во промените услови, британските историчари оценуваат дека таа ја реформирала монархија, фокусирајќи се повеќе на присуство на јавни настани и средби со своите поданици.

Од бракот со својот сопруг, Принцот Филип, Елизабета Втора имаше четири деца. Нивниот прв син Чарлс е роден 1948-та година, потоа принцезата Ана, родена две години подоцна, принцот Ендрју 1960-тата година и принцот Едвард во 64-тата година. Од своите деца, Елизабета беше баба на 8 внуци и прабаба на 12 правнуци.