Хрватскиот премиер и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ вчера во седиштето на партијата добил писмо со бел прав и закани со смрт, јави денеска РТЛ повикувајќи се на неофицијални информации.
Полицијата го земала пликот со сомнителна содржина и спроведува истрага.
Телевизијата потсетува дека по нападот на Марковиот плоштад во понеделникот, во кој напаѓаш раби полицаец пред Владата а изврши самоубиство, хрватскиот премиер изрази сомнеж дека цел на нападот бил тој.
Полицијата уапси 63 годишен маж кој живее во истото село како и починатиот напаѓач Даниел Безук, и утврди дека после нападот велел оти цел на Безук бил Пленковиќ и како и тој самиот „мечтае да го убие“. Кај него е пронајдени и огнено оружје, како и експлозивни материи.
За попладнево е најавена и прес – конференција на која ќе бидат соопштени детали за истрагата за нападот на Марковиот плоштад. (МИА)