Министерката за труд на Чешка, Јана Малачова мислејќи дека микрофонот е исклучен го нарече премиерот Андреј Бабиш „дебил“.
– Тој Бабиш направи бордел (од државата). И сега сите мораме да лижеме. Извинете, тој е дебил, изјави Малачова на крајот на интервјуто за Чешката телевизија.
Изминатите недели лидерите на опозициските партии остро ја критикуваа Владата и премиерот поради направените грешки во борбата против новиот коронавирус, при што не се воведе задолжително носење маски и се пролонгираше воведување на вонредна состојба.
Во Чешка за две недели регистрирани се над 9.000 новозаболени луѓе.