вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Нормализирано водоснабдувањето по отстранување на големиот дефект во Центар

Нормализирано водоснабдувањето по отстранување на големиот дефект во Центар

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од град Скопје, како резултат на дефект на ф500мм, за чие санирање се појави потреба да се затвори главната водоводна цевка од ф1400мм, е нормализирано и притисокот на проток на вода е стабилизиран.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, брзо и координирано пристапија кон отстранување на дефектот и непрекинато работеа со вклучување на сите расположливи ресурси, од механизација до работна сила и капацитети се до неговото отстранување.

-Ваков тип на дефекти, се навистина многу ретки и можат да се појават еднаш на 10 години. Интервенцијата беше навистина комплицирана и од широки размери, но се пристапи многу одговорно и сериозно и се прифати ризикот од прекин на вода во голем дел од градот, со цел брзо отстранување на дефектот. Дефектот се отстрани за кратко време, иако прогнозите кажуваа нешто друго. Водоснабдувањето е нормализирано околу полноќ и притисокот на проток на вода е стабилизиран. Горд сум и сакам да ја упатам мојата благодарност до екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение за ситуацијата во која се затекнавме, но и до медиумите за брзото и професионално известување за целиот случај, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.