Конор Мекгрегор му ја честиташе вчерашната победа на ривалот Хабиб Нурмагомедов.
Нурмагомедов истакна дека ја завршува кариерата, а текстот на пораката која му ја упати Конор изненади многумина.
-Добра борба Хабиб. Ќе продолжам таму каде што застана. Повторно, почит и сочувство за твојот татко и твоето семејство. Искрено, ваши Мекгрегори, напиша Конор на Твитер.