Годишно во здравството се трошат стотина милиони евра но на крај граѓаните сами си купуваат завои, лековии медицинска опрема и долго чекаат за здравствена услуга.
Според истражување спроведено од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ над една третина од граѓаните сметаат дека здравствениот систем е корумпиран.
Според истражувањето набавките во 2019 година иако биле помалку, сепак чинеле повеќе, а лани највредните набавки биле концентрирани околу три фирми што не било случај и во 2018.
Дали на надлежните додека коронавирусот коси по македонија најважно им е да се насочиат набавките во одредени фирми, отколку ефикасно да се справуваат со вирусот и да се намалат високите бројки на новозаразени и починати кои Македонија ги бележи секојдневно?
Инаку дека има таква тенденција да се доделуваат сомнителни тендери сведочат и низата скандали кои кренаа голема прашина во јавноста кога на фирма стара само четири месеци во сопственост на 27 годишен државјанин на Србија го доби тендерот за централизирана набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија во вредност од 35 милиони евра. После бурните реакции на јавноста министерот за здравство Венко Филипче кажа дека одлучиле тендерот да го поништат, бидејќи имало недостатоци во поднесените документи од единствената фирма која даде понуда на јавната набавка.
Друг сомнителен случај беа и доделените 3 милиони евра од Клиниката за хематологија на фирмата на таткото на директорката на истата клиника.
Покрај низата скандали кои го тресеа здравството во изминатите неколку години, како по симптоматичен може да се спомне и тоа што фирмата која добивала најмногу тендери во здравството како што објави ТВ Алфа му градеше куќа на министерот Филипче.
Министерот за здравство и директорот на Фондот за здравствено осигурување заработија и кривична пријава поради злоупотреба на нивната положба при продажбата на фирмата Диамед на странска компанија во зделка тешка над 11 милиони евра. Како што тогаш тврдеа од адвокатското друштво, Филипче и Ден Дончев изнесувале невистини на шведскиот инвеститор да се откаже од купувањето на македонската фирма која располага со центри за дијализа во земјата и со нивното влијание предизвикале и одложување на купопродажбата.
Овие и многу други афери кои се случија за краток период во здравството резултирале со недоверба на луѓето во здравствениот систем што практично и се покажува и преку истражувањата и со лошите резултати во справувањето со КОВИД-19 каде само вчера имаше 22 починати лица како резултат на вирусот.