Светскиот рекет број 3, Марин Чилиќ се повреди за време на тренинг со Рафаел Надал и неизвесно е неговото учество на „Мастерс 1000“ турнирот во Монте Карло.
Хрватскиот тенисер денеска имаше тренинг со светскиот број 1 на АТП листата, но се повлече предвреме поради повреда на коленото.
Сепак, се уште не се знае состојбата на Чилиќ и се очекува да биде соопштено во следните неколку часови.
Доколку Хрватот продолжи на турнирот, тој ќе се сретне со Фернандо Вердаско, кој го совлада Пабло Куевас со 2:1 во сетови.