Мандатот на оваа локална власт која до неодамна беше предводена од градоначалникот Благој Бочварски сегашен министерот за транспорт и врски ќе ја паметиме по бројните ветувања кои за жал не се остварија, обвинува Љубе Здравков од ВМРО-ДПМНЕ.
-Едно од тие ветувања кое пред штипјани беше презентирано како проблем што мора по итна постапка да се реши беше изградбата на главен колектор и пречистителна станица на реката Брегалница. Бочварски велеше: „Фекалните отпадни води од населбата Балканска исто така се излеваат во реката Брегалница и претставуваат потенцијален извор на зарази, особено за најмладите“, истакна тој.
Затоа, вели Здравков, редно е локалната самоуправа предводена од СДСМ да им одговори на граѓаните:
-До каде е ветената реконструкција на главниот градски колектор во должина од 2,5 километри на потег од АРМ до 8ми Ноември?
-Дали со превземањето на власта од СДСМ престанаа да се излеваат фекални отпадни и отровни води во река Брегалница?
-Дали кога СДСМ е на власт фекалните и еколошките проблеми во Штип, магично исчезнуваат?
-До кога штипјани ќе ги манипулирате со вашите изборни програми?
-Кој ќе ја преземе одговорност за нереализирањето на ветувањето од изборната програма на СДСМ која за жал има само 25% ниво на реализација и после 3 години од превземањето на локалната власт?