понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Дел од домаќинствата на штипската улица „Кежовица“ по три децении имаат канализациона и водоводна мрежа

Дел од домаќинствата на штипската улица „Кежовица“ по три децении имаат канализациона и водоводна мрежа

Жителите на дел од штипската улица „Кежовица“ во населбата Ново Село по неколку децении имаат и вода и канализација. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека деценискиот проблем на дел од домаќинствата на оваа улица е решен со експропријација на земјиште, на коешто требало да поминува водоводна и канализациона мрежа.

-Општината одлучи да направи експропријација на земјиштето, да инсталираме водоводна и канализациона мрежа, коишто се прилагодени да ги задоволи потребите на овдешните семејства, во прашање се повеќе од 15 домаќинства кои веќе се поврзани со фекална канализација и со водоводната мрежа, вели Јорданов.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков вели дека по 30 години е решен проблемот на жителите на улица „Кежовица“. Посочи дека изградбата на водоводната и канализациона мрежа е почната минатата недела, а извршени се и нови приклучоци на водоводната мрежа на домаќинствата. Станува збор за инвестиција од околу половина милион денари. По завршување на градежните работи ќе се изврши и асфлатирање на улицата.