Поранешната вицегувернерка на НБРМ, Маја Кадиеска-Воиновиќ, денеска гостуваше во Утрински брифинг која говореше за кредибилни политики и економските текови во земјава.
Во однос на тоа посочи дека реакцијата на власта во економска криза е најважна, како и кредибилни политики кои треба да се во насока да создаадат позитивни ефекти во економијата, но и ги критикуваше одливите од буџетот по однос на нетродуктивни трошења.
-Во првата година од осамостојувањето имаме 11% пад на БДП, во втората година имаме 13.7% пад на БДП, во ситуација кога сме имале нула девизни резерви, она што е важно е како се справуваат креаторите на економските политики со шоковите, истото важеше и за 2001 година и за економската криза во 2012 година каде имаше големи проблеми банкарскиот сектор, значи реакцијата на власта и ефектите кои ќе произлезат од тие политики се најважни, анализираше Кадиеска-Воиновиќ.
Поранешната вицегувернерка вели дека кредибилноста со 60% јавен долг на политики е различно со 60% некредибилни политики.
Таа објасни дека за да се создадат кредибилни политики во земјава потребно е да има добра координација помеѓу централната банка и фискалната политика треба да има разбирање и отчетност.
-Годинава за невладини организации од буџетот се имаат потрошено 50 милиони евра, а наспроти тоа велиме дека немаме пари му обезбедиме на населението да се купат 40.000 лаптопи, како и да се обезбеди бесплатен интернет, што го направија многу држави, посочи Кадиеска-Воиновиќ.
Кадиеска –Воиновиќ нагласи дека земјава само до првиот квартал имала буџетски дефицит од 120 милиони евра од трансфери кои беа лоцирани каде биле, тоа се непродуктивни трошења, вели Кадиеска.