среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лицата со мултипла склероза се со висок ризик, а на Клиниката каде што примаат терапија ќе се сместуваат заразени со коронавирус!

Лицата со мултипла склероза се со висок ризик, а на Клиниката каде што примаат терапија ќе се сместуваат заразени со коронавирус!

Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза се противи на одлуката да се пренамени Клиниката за неврологија во ковид-центар во кој ќе се примаат и сместуваат новозаболените пациенти со ковид-19.

Здружението за мултипла склероза испрати допис до Министерството за здравство и до Комисијата за заразни болести, кој ви го пренесуваме во продолжение:

Најостро реагираме на ваквото решение од следните причини:

-пациентите со мултипла склероза, како невролошо заболување, спаѓаат во пациенти со висок ризик;

-пациентите со високоактивна МС својата имуносупресивна терапија ја примаат токму во просториите каде би биле сместени пациентите со Ковид 19;

-До неодамна пациентите со МС беа опфатени со мерките донесени од страна на Владата и ослободени од работни обврски како високоризични лица, за со вакво решение да се доведат во директна опасност и да се хоспитализираат во истите простории со лицата заболени од Ковид 19.

Бараме да се преиспите ваквата одлука и да се донесете поприфатливо решение со цел оваа група на високоризични пациенти да не биде доведувана во опасност, со оглед на тоа дека се работи за лица со хронично заболување од кои повеќето се приматели на имуносупресивна терапија.

Ви благодариме на вниманието и се надеваме дека ќе излезете во пресрет на нашето барање, порачуваат тие.

Најнови вести