петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон разгледува опции за карантин во Велика Британија

Џонсон разгледува опции за карантин во Велика Британија

Британскиот премиер Борис Џонсон разгледува опции за воведување нови мерки за карантин на национално ниво од следната недела.

Главната причина за тоа е загриженоста поради преоптовареноста на болниците поради големиот скок на бројот на новоинфицирани со Ковид-19, објави Тајмс.

Министерот за надворешни работи Доминик Раб претходно изјави дека воведувањето карантин на ниво на цела Велика Британија не е потребно со цел да се намали зголемувањето на бројот на заразени и додаде дека локализираниот пристап може да биде ефикасен, доколку сите се придржуваат кон мерките.

Според податоците на владата, во Велика Британија вчера беа регистрирани 24.405 нови случаи назаразени и уште 274 смртни случаи од Ковид-19.