сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Економијата тоне- пад на индустриското производство од 12%

Економијата тоне- пад на индустриското производство од 12%

Индустриското производство бележи пад според најновите податоци на Државен завод за статистика. Имено, индексот на индустриското производство за месец септември 2019 споредено со истиот месец оваа година бележи пад од 4.1%

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање од 9.7%, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13.2%. Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи, производство на пијалаци, производство на текстил, производство на облека, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 12.0 %, трајни производи за широка потрошувачка за 26.2% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.1%, додека пораст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 5.0% и капитални производи за 2.4%.
Исто така индустриското производство од периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година,бележи пад од огромни 12,1 %.

Ова е лош знак според економистите бидејќи индустријата има огромен удел во градењето на бруто домашниот производ. Со ваквите податоци повеќе од очигледно е дека македонската економија не се движи во добра насока. Исто така и Светска банка излезе со црни сценарија за македонската економија за која проектираше пад од 4,1 %. Дополнително загрижувачки е фактот дека индустриските капацитети до сега не најавиле отпуштања но доколку продолжи вака лошата состојба ќе бидат приморани да го намалат нивото на вработени. Ова значи зголемување на невработеноста и сиромашијата во државата.

Инаку, премиерот Зоран Заев ветуваше закрепнување на економијата и помагање на поголемите компании како што изјави тој локомотивите на економијата но очигледно е дека состојбата е повеќе од лоша. Се поставува прашањето зошто кога владата одлучи да ги пушти низ вода малите компании а да ги помага големите, индустриското производство има огромен пад. Останува дилемата каде се трошат парите од мерките ако не се насочени кон сите компании кога една од круцијаните гранки – индустријата се повеќе тоне.