Владата предводена од Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче продолжуваат со праксата – граѓаните на страна, приоритет – тендери и лични интереси, ова преку реакција до јавноста денеска го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Деветти месец од корона кризата, а СДСМ држи пресови и вели со ребалансот на Буџетот кој е втор во текот на годинава ќе имало пари за здравството?! Со вториот ребаланс на Буџетот нема пари за здравството има само трошки за здравството, има само трошки буквално за сите, ама за Заев и неговата екипа ситуацијата е поинаква. Со Заев и Филипче јавните здравствените установи добија само евентуално по некое фарбање на ѕидовите. Со Заев и Филипче граѓаните пак секојдневно добиваат лаги, а им се кажува и дека се виновни за ширење на корона вирусот, велат од партијата.
Од таму додаваат дека наместо грижа за здравјето на граѓаните, продолжува само грижа за личните интереси на Заев и Филипче и нивниот круг на блиски луѓе.
-Заев и Филипче и СДСМ како партија не требаше да чекаат донации, и да се фалат со истите, туку и да направат план и стратегија за справување со корона кризата. Со трошките од вториот ребаланс на Буџетот можат само да се срамат. Најдобрата мерка за целата ситуација со корона кризата е многу едноставна, оставка на Филипче и на првиот човек на политичката Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.