Селекторот на Македонија, Данило Брестовац се соочува со низа проблеми пред дуелите со Финска и Швајцарија во квалификациите за Европското ракометно првенство во 2021 година.
На последното тестирање во репрезентацијата, еден играч бил позитивен на Ковид-19. Се уште не е потврден идентитетот на ракометарот кој е заразен со Ковид-19, објави Дриблинг.мк.
Брестовац поради коронавирусот остана и без помошта на Матлиевски и на Царчев. За денеска е закажан собирот на репрезентацијата која ќе тренира во „Борис Трајковски“.
Македонија ја пречекува Финска во среда со желба за победнички влез во евроквалификациите.