вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Пред 45 години почна рангирањето на ВТА, прва на лидерското место беше Крис Еверт

Пред 45 години почна рангирањето на ВТА, прва на лидерското место беше Крис Еверт

На 3 ноември 1975 година, женската тениска асоцијација – ВТА започна со компјутерско рангирање.

Првата која се најде на лидерското место беше Крис Еверт, која помина 25 недели на водечката позиција, а потоа уште осум пати се искачуваше на врвот, односно 260 недели беше прв светски рекет во женска конкуренција.

Вкупно, први на ВТА ранг-листата беа 27 тенисерки во различно време. Штефи Граф помина најдолго на првата линија – 377 недели.

Граф и Серена Вилијамс го делат рекордот за континуиран мандат број 1, 186 седмици.

Ешли Барти во моментов е на врвот. Таа има 48 недели на првата позиција. Ова е 12-ти резултат во историјата на рангирањето.