понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Синот на Трамп објави карта со „резултати“ на изборите

Синот на Трамп објави карта со „резултати“ на изборите

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Џуниор, објави мапа на светот на која повеќето земји се обоени во црвена боја.

„Конечно направив мапа со која ги предвидувам резултатите од изборите“, напиша синот на Трамп.

Повеќето земји се обоени во црвена боја, бојата на Републиканската партија, а само неколку се обоени во сина боја. Меѓу нив има и некои сојузни држави во САД. Станува збор за родниот град на Трамп, Њујорк и Калифорнија.

Помладиот Трамп ги вклучи Мексико, Куба, Индија, Кина и Либерија меѓу сините земји.

Според „предвидувањата“ на синот на Трамп,Црвеното Море, Каспиското Море и Антарктикот се исто обоени во црвената боја на републиканците.